Културата не изолира

 

Островот е дел од земјата што извира од морето; од морето е заштитен, одделен, од континентите отсечен, неговото тло изгледа цврсто, пространо, обележено од илјадници настани и движења на преселници кои таму се настануваат, го преобликуваат, го нагрдуваат, го стареат.

Островската земја е течна, затворена. Може повторно да се насели и да се обнови. Може да биде свет во свет, со свои правила. Да се потсетиме на Атлантида, на Утопија, на островот на Робинзон Крусо.

Колку острови и колку утопии се појавуваат и исчезнуваат со текот на времето? Филозофот Жак Дерида пишува:
„Што е остров? Нема свет, има само острови“. Оттаму, самата помисла на островот нѐ поттикнува да го преосмислиме светот во кој живееме, островот станува негова редуцирана форма и метафора, проект и одраз.

Островот е место и модел. Неговите физички карактеристики не се само географски или природни, тие се исто така трага од човековата вештина и култура. Оттаму, островот е место за истражување, експериментирање и осознавање, модел за современите култури. Ги задржува значењата на постоењето, а сепак е вклучено во процесите на конструкција / деконструкција на идентитетот, на напуштање / оддалечување, на губење и градење врски: островот претставува опасност од изолираност и прогон; островот е можност за почеток и повторно создавање, повторно откривање и регенерација, старо и ново; островот е по антономазија некое друго место, крие богатсва или е дестинација за бегство, средство за потрага по среќа.

Забележан на хоризонтот, островот е огледало на она што сме, тој е исконската форма којашто нѐ вознемирува и нѐ движи.

Мишел Турние го споредува островот со дијастолите и систолите на човековото срце, на дилатација и контракција. Тоа е волшебниот круг кој обгрнува и штити. Безбедно место, целосно само за себе, космичко јајце или Еденска градина. Островот, јадро обвиено од морска постелка, е симбол на мајчинското, на „враќањето во утробата“: културата на женското/мајчинското, реинтерпретиран од аспект на културна генеративност, носител е на посебен став кон човекот.

Прифаќањето, сочуството, заштитата, грижата, врската со животот се тесно поврзани со културата на различноста којашто имаме намера да ја споделиме со помош на нашата културна програма.

Островот е исто така менталeн простор. Тој е мисла која поприма форма и извира од една недофатна длабочина, темна, полна со живот: „Островите се како идеи. Пусти, фасцинантни. Тие функционираат како резервоари, заробуваат приказни и му даваат засолниште на човекот уште од создавањето на првата поема“. (Maylis de Kerangal)

Островот е слика, симбол, идеја. Сепак, тоа е и конкретно и телесно место, богато со врски, крстосница на пристигнувања и заминувања: «Заминување, доаѓање. Самиот се кани да го премине морето што го опкружува, да допре други земји » (Jean-Luc Nancy). Островот, всушност, е пропустлив, отворен.

Проучувањето на комплексноста на имагинарното на островот значи откривање на митските и архаичните корени на секоја рационална конструкција; значи, исто така, проектирање врз слика-место на сето она што се сака да се реелаборира и да се отфрли: затворање, стапица, вознемирувачка мистерија.

Островот е кралство на двојноста: отворање/затворање, прифаќање/отфрлање, слобода/затвор, поврзаност/растојание. Идентитетските двојности кои имаме намера да ги развиваме преку принципите и културната програма на Прочида Италијанска престолнина на Културата за 2021 година, засновајќи се на можноста на островот како погодна перспектива за искусување на постојани противречности, на вечната битка меѓу чувството на припадност и потребата за истакнување на сопствената различност.   

Искуствата кои се случуваат на островот и потекнуваат од него, го придружуваат и водат процесот на кандидатурата, учествуваат во мапирањето на факти и настани: точка по точка, ниедно имагинарно и фикциско место не поприма вистинска конкретаност, треба да се пронајде и да се открие. На амбиентот и на местата на островот се надоврзуваат лаборатории во коишто секојдневниот живот, елементите од природата и културниот израз се алатки за реализација на човечки проект

Проектите имаат двојно ниво на истражување. На првото ниво, хоризонтално, ја опишуваат креативната површина на островот, со циклусот на неговите витални и културни пројави.

Но, тој тек, има вертикална длабочина која га прави автентично патувањето, минијатура на современиот потенцијал во кој идејата за напредок на науката и на технологијата го ставаат човекот во средиште на сопствената меморија и, според тоа, на способноста за приклучување кон иднината, развивајќи свест дека сме жители и тоа не само на поминување.

paolo altieri AA
visual & communication designer
http://www.altieriassociati.com
Indietro
Indietro

De cultuur is geen onbewoond eiland

Avanti
Avanti

Culture never isolates